21 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАМотивациони цитати кои ќе им помогнат на оние кои бараат работа

Мотивациони цитати кои ќе им помогнат на оние кои бараат работа

bigstock-young-businessman-scratching-h-26164514

Магазинот „Форбс“ на едно место собра неколку цитати кои ќе им помогнат на оние кои бараат работа, својата потрага да ја продолжат со уште поголем елан.

Иако „Форбс“ овие цитати ги намени за луѓето кои бараат работа, тие можат да бидат инспирација и во други прилики.

Прочитајте:

– Падни седум пати, но стани и осмиот – јапонска поговорка

– Што можеш денес, не оставај за утре – Томас Џеферсон

– Иднината останува на оние кои веруваат во убавината на своите соништа – Еленор Рузвелт

– Луѓето кои се неспособни да се мотивираат себе мораат да се помират со својата просечност, без оглед колку се талентирани – Ендрју Карнеги

– Дефиниција за лудило е кога секогаш работите иста работа, а очекувате други резултати – Бенџамин Френклин

– Пронајдете нешто што сакате да работите, а потоа најдете некој кој ќе може тоа и да го плати – Кетрин Вајтхорн

– Клучот за успех е самодовербата. Клучот за самодоверба е подготовката – Артур Еш

– Една од состојките за успех е и патот од неуспехот до неуспехот, а притоа да не го изгубите ентузијазмот – Винстон Черчил

– Големите работи обично им „одат“ на луѓето кои ќе се докажат на мали работи – Ралф Валдо Емерсон

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП