21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајголемите американски корпорации имаат скриено 1,4 илјади милијарди долари во офшор компании

Најголемите американски корпорации имаат скриено 1,4 илјади милијарди долари во офшор компании

ofsor 3535

Големите американски корпорации како „Apple“, „Walmart“ и „General Electric“ скриле 1,4 илјади милијарди долари во даночни засолништа, покажуваат податоците на хуманитарната компанија „Oxfam“, цитирани од британскиот весник „Guardian“.

Износот што е поголем од економијата на Русија, Јужна Кореја и Шпанија, е концентрирана во „нетранспарентна и тајна мрежа“ од над 1.600 офшор претпријатија, наведува компанијата.

Анализата на 50-те најголеми американски компании се објавува во позадина на скандалите кои се актуелизираа по објавувањето на т.н. Панамско документи, наведува весникот. Организацијата наведува во документот дека тоа е уште една илустрација на големите, системски злоупотреби со глобалниот даночен систем.

Технолошкиот гигант „Apple“ – втората најголема компанија во светот, ја предводи табелата на „Oxfam“ со 181 милијарди долари, кои се однесуваат на три офшор подружници.

„Microsoft“ е трет на листата со 108 милијарди долари, а во првите 10 спаѓаат и „Pfizer“, компанијата мајка на „Google“ – „Alphabet“, како и „Exxon Mobil“, најголемата нафтена компанија во светот која не е во сопственост на земја производител на „црното злато“.

Oxfam“ ги споредува 1,4-те илјади милијарди долари во офшор компании со 1 илјади милијарди долари платени даноци од истите 50 компании за периодот 2008-2014 година.

Во извештајот се наведува дека 50-те најголеми компании кои се опфатени со истражувањето, добиле и 11,2 илјади милијарди долари во форма на федерални кредити, спасителни финансирања и гаранции за заеми за истиот период.

Даночните засолништа му овозможуваат на американскиот бизнис да ја намали ефективната даночна стапка од просечните 35% до околу 26,5% во периодот 2008-2014 година. Во извештајот се наведува дека корпорациите трошат милиони за лобисти, кои треба да извојуваат поголема државна поддршка за корпорациите за сметка на даночните обврзници. За истиот период трошоците на 50-те корпорации за лобисти достигнуваат 2,6 милијарди долари.

„За секој 1 долар потрошен за лобисти, овие 50 компании добиваат по 130 долари даночни намалувања и повеќе од 4 илјади долари во форма на федерални заеми, гаранции за кредити и спасувачки пакети“, пишува во документот.

Авторите на извештајот ги повикуваат владите во светот да се обединат и да ги прекинат даночните засолништа.

Според пресметките на „Oxfam“, даночното избегнување ја повредила американската економија со 111 милијарди долари годишно. Организацијата наведува дека практиката ја проширува и глобалното нееднаквост, бидејќи повлекла 100 милијарди долари од најсиромашните земји.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП