23 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина повторно го девалвираше јуанот

Кина повторно го девалвираше јуанот

juna-juani

Кинеската централна банка повторно во четврток го девалвираше јуанот, најмногу во последните три месеца, за да го ублажи влијанието на јакнењето на доларот со помош на фиксен курс и со тоа ја поткрепи конкурентноста на домашните извозници.

Новиот фиксен курс на јуанот во однос на доларот изнесува 6,4891 јуани за долар, со што вредноста на кинеската валута во однос на доларот е намалена за 0,46 отсто во однос на претходниот ден, покажуваат податоците на Кинескиот систем на тргување со валутите. Тоа воедно е и најголем дневен пад на вредноста на јуанот наспроти доларот од јануари.

Властите дозволуваат јакнење односно слабеење на јуанот во текот на денот најмногу за два отсто за да се спречат осцилации и да ја задржи контролата над курсот.

Слабиот јуан би требало да ја поевтини кинеската стока на светските берзи, а повеќекратната девалвација лани во август, како и повторно во јануари, го зголеми стравот во странство дека Пекинг се обидува да ја спушти вредноста на домашната валута за да обезбеди конкурентска предност на кинеските извозници. Кинеските власти во повеќе наврати ги негираа ваквите тврдења.

Доларот во среда зајакна откако кинеските податоци за трговската размена покажаа неочекувано силен раст на извозот во март, сигнализирајќи можен крај на периодот на послаб раст на втората по големина светска економија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП