19 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАШвајцарија го отстранува ограничувањето на пазарот на труд за Бугарите и Романците

Швајцарија го отстранува ограничувањето на пазарот на труд за Бугарите и Романците

svajc33330

Швајцарија ќе ги отстрани од 1-ви јуни оваа година сите ограничувања на пазарот на труд за романските и бугарските државјани, соопшти романската новинска агенција „Медиафакс“.

Агенцијата наведува дека мерки за ограничување на имиграцијата може да бидат наметнати само во случај на прилив на имигранти од двете земји.

Владата на Швајцарија одобри декрет, кој предвидува слободен пристап до пазарот на трудот за романски и бугарски граѓани од 1-ви јуни 2016-та година.

Швајцарија ги продолжи во 2014-та година владините мерки за граѓаните од двете земји, кои истекуваат на 31-ви мај 2016-та година.

„Во случај на имиграцијата од Бугарија и Романија со 10 проценти да го надмине просекот за последните три години, на 1-ви јуни 2017-та година или најдоцна на 1-ви јуни 2018-та година, Советот на федерацијата ќе може да воведе нови ограничувања на внатрешниот пазар на трудот валидни до 31-ви мај 2019-та година“, прецизира владата во Берн.

Во моментов бројот на романските и бугарските имигранти во Швајцарија е мал, додава агенцијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП