8 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАОтворање на изложбата „Циклуси“ во Прилеп

Отворање на изложбата „Циклуси“ во Прилеп

излозбитиа

Денес, во 20 часот, во ликовниот салон на ЦК „Марко Цепенков“, ќе биде отворена изложбата „Циклуси“ од академскиот сликар Крунислав Стојановски, кој речиси 30 години живее и работи во Загреб.

Уметникот ќе се претстави со дел од ретроспективната изложба насловена како „Циклуси“ која беше поставена во декември минатата година во Музејот на град Скопје. Со оваа постановка тој одбележува 20 години творечка работа. На изложбата ќе бидат претставени слики поделени во осум творечки циклуси. Најголемиот дел од нив се со експресивен карактер. Изложбата е во рамките на проектот „Кич, да“?! /сте или не/ кој се реализира деветта година по ред од Дирекцијата за култура и ументост со поддршка на Министерството за култура.

Mакедонскиот академски сликар Крунислав Стојановски, средното училиште го завршува во Скопје. По кратко студирање на Ветеринарниот факултет во Загреб и на Архитектонскиот факултет во Скопје, во 1992 година запишува Ликовна академија во Загреб, каде што дипломирал во 1998 година во класата на професорот Ѓуро Седер.

Член е Хрватското друштво на ликовни уметници и на Хрватската заедница на самостојни уметници, како и на Управниот одбор на Здружението на хрватските уметници и ликовни критичари. Повеќе години е член на Управниот одбор на Народното свеучилиште „Сесвете“ во Хрватска.

Своето творештво го има претставено преку повеќе од 40 самостојни изложби во Загреб, Пореч, Грожњан, Макарска, Осиек, Риека, Ѓаково, Пакрац, Задар – Хрватска; Виена – Австрија; Хелсинки и Еспоо – Финска; Скопје – Македонија; Берлин – Германија; Торино – Италија; Ротердам – Холандија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП