20 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПредавање за шведската писателка Селма Лагерлеф

Предавање за шведската писателка Селма Лагерлеф

svedska-pisatelka

Петтиот културен настан што Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје го организира во рамките на манифестацијата „Денови на светската книжевност“ ќе биде посветен на шведската книжевност и е насловен Шведската писателка Селма Лагерлеф: многу повеќе од само раскажувач.

Предавањето ќе го одржи Лена Кореланд, почесен професор по компаративна книжевност и истото ќе биде на англиски јазик. Настанот ќе се одржи на во четврток, со почеток во 11 часот, во Центарот за конференции и студии на НУБ „Св. Климент Охридски“. Селма Лагерлеф е една од најзначајните шведски авторки и прва жена добитничка на Нобеловата награда за литература.

Професорката Лена Кореланд, која е член на жирито за меѓународната награда „Астрид Линдгрен“, е дојдена во Македонија на покана на Амбасадата на Кралството Шведска со чија соработка го организираме ова предавање.

Првиот културен настан од серијата „Денови на светската книжевност“ беше посветен на кинеската книжевност, а потоа следеа претставувањата на американската, унгарската, шпанската и јужноамериканската книжевност.

Сите љубители на пишаниот збор кои ќе присуствуваат на овој настан ќе можат да ги разгледаат и да ги купат книгите од шведските автори преведени на македонски јазик, објавени во рамки на капиталните издавачки проекти „Ѕвезди на светската книжевност“ и „Превод на дела од автори кои добиле Нобелова награда за литература“, меѓу кои освен Селма Лагерлеф се и Аугуст Стриндберг, Хари Мартинсон, Гунар Екелоф, Томас Транстромер и други.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП