19 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАСамостојна изложба на цртежи од Гордана Винчиќ

Самостојна изложба на цртежи од Гордана Винчиќ

гор

Самостојна изложба на цртежи од Гордана Винчиќ, насловена “Интуитивна исповед”, ќе биде отворена во четврток со почеток во 20:20 часот, во просториите на ОСТЕН.

“Интуитивна исповед” – самостојна изложба на уметницата Гордана Винчиќ, која се состои од 30 цртежи, женски актови, комбинирана техника (јаглен, пастел и туш) на хартија.

Иако Гордана професионално се бави како ликовен уметник повеќе од 10 години, студира на Ликовната академија во Малме од 2015. Во февруари 2016, Винчиќ ја издаде првата книга „Лицата на Александар и Градот со 7 Капии“, каде ги има претставено методологијата на работа и делата создадени заедно со нејзината сестра, кои беа изложени во Порта Македонија во 2014 година.

Изложбата ќе биде поставена до 26 април, а ќе може да се погледне секој работен ден од 09:00 – 17:00 часот, и сабота од 10:00 до 13:00 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП