1 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПовторно зголемен интерес за акциите со дивиденда

Повторно зголемен интерес за акциите со дивиденда

berza-makeodnija-berza-makedonska

Во фокусот на инвеститорите на Македонска берза во средата беше акцијата на Македонски Телеком.

Вкупно 66.500 лотови се истргуваа по просечна цена од 270,38 денари, инаку тоа претставува 85 отсто од вкупниот промет кој изнесуваше солидни 21 милион денари.

Интересно беше и тргувањето со акцијата на Макпетрол, каде невообичаено големо количество од 52 лотови се истргуваа по цена од 17.067,31 денари (+0,41 отсто).

Кај другите хартии од вредност тргувањето беше без изненадување при што МБИ10 заврши во позитива од 0,41 проценти, додека ОМБ беше без промена.

Македонијатурист на вчерашното акционерско собрание ја усвои одлуката за исплата на дивиденда за 2015 година во бруто износ од 206,87 денари. Последен ден на тргување со право на дивиденда е 27.04.2016 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП