30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРастот на економијата во Кина 8,2 %

Растот на економијата во Кина 8,2 %

kina

Се предвидува дека Кина ќе забележи раст на БДП од 8,2 проценти во 2013 година, кој ќе биде поттикнат со домашната побарувачка.

Во извештајот на Азиската развојна банка (АДБ) додаваат дека, мерките на кинеската влада за заштита на животната околина и за намалување на големите разлики во приходите ќе го органичат економскиот раст во 2014 година, кога банката очекува растот на кинескиот БДП да забави на 8,0 проценти.

Според извештајот се очекува дека растот на економските активности во Азија ќе изнесува 6,6 проценти во 2013 и 6,7 проценти во 2014 година, што е зголемување во однос на 6,1 проценти кои беа забележани минатата година. Растот е поттикнат од зголемувањето на приватната потрошувачка и зајакнатата меѓународна трговија.

Во извештајот се прогнозира дека јакнењето на економските активности во земјите во развој во Азија ќе доведе до посилен притисок на цените, па се очекува дека инфлацијата ќе се зголеми од 3,7 проценти во 2012 година на 4,0 проценти во 2013 и 4,2 проценти во 2014 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП