23 јуни, 2024
ПочетнаКУЛТУРАНови активности на здружението „Контекст – Струмица“

Нови активности на здружението „Контекст – Струмица“

kontekst00oioki

Здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст – Струмица“ покренува три нови активности кои ќе бидат реализирани до крајот на овој месец.

По извесно време повторно ќе се одржат„Роднокрајни поетски средби“, нивното деветто издание ќе се случи на 30-ти април, со почеток во 20:00 часот во реновираниот простор на познатата „Сцена 112“ (спроти стариот театар).

Здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст – Струмица“ организира креативна работилница за пишување во природа на 23 април 2016 година, заедно со учениците од ООУ „Даме Груев“ Куклиш кои се под менторство на проф. Александар Јанков. Освен учениците од Куклиш, присутни ќе бидат и учениците од подрачното училиште „Даме Груев“, Костурино.

На 25-ти април ќе биде организиран настан по повод двегодишнината од постоењето на Светската унија на поети основана од страна на италијанскиот нобеловец за литература, писателот и поет Силвано Бортолаци. Како дел од настанот, функционираат делегации, односно школи за поезија (Scuola di poesia) во неколку држави во светот, меѓу кои и Македонија, која почна да функционира во август 2015 година, по прогласувањето за амбасадор и претставник за Македонија на македонскиот концептуален уметник, поет и граѓански активист Митко Гогов.

Македонскиот носечки настан ќе биде реализира со почеток во 20 часот, во новоотворениот простор на првата грамофон кафетерија во Скопје „Vynil“, додека другиот наменет за средношколците ќе биде со награден карактер и ќе се реализира во просториите на гимназијата „Гоце Делчев“ во Куманово.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП