13 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБанкротира втората најголема рударска компанија во светот

Банкротира втората најголема рударска компанија во светот

rudari kina 335

Компанијата „Peabody Energy“, најголемата светска приватна компанија за експлоатација на јаглен и втората најголема во светот, поднела документи за заштита од доверителите во САД.

Банкротот станува реалност поради драстично оштетената на цена на јагленот, која ја остави компанијата без можност да ги сервисира обврските во врска со нејзината експанзија во Австралија. Компанијата изјавила дека презема сериозен чекор за подобрување на ликвидноста и намалување на обврските во условите на невиден пад во индустријата.

Средствата и обврските на компанијата се во опсег од 10 милијарди до 50 милијарди долари, според поднесените документи во судот. Банкротот на „Peabody“ е најголем во секторот од почетокот на циклусот на намалување на цените на суровините и металите од средината на 2014-та година.

Одложувањето на економиите на Кина и Бразил во голема мера е во основата на падот на цените на клучните суровини. Компанијата поднела барање за стечај по „Chapter 11“, која традиционално се користи за „реорганизација, вклучувајќи корпорација или партнерство“.

Според банкротот на оваа глава, обично се нуди план за реорганизирање на компанијата, кој цели зачувување на нејзиниот бизнис и враќање на кредитите со текот на времето.

„Тоа беше една тешка одлука, но во вистинската насока понатаму за „Peabody“. Започнуваме денес да ги градиме основите на успешен бизнис, кој ќе стане утре во светски лидер. Со преземените мерки ќе бараме судски можности за намалување на долговите бареме над компанијата, во ситуација многу тешка за примарниот сектор. Овој процес ќе ни помогне да ја засилиме ликвидноста и да ги намалиме обврски“, коментира извршниот директор на компанијата Глен Келоу.

Додека постапката за стечај е во процес, компанијата ќе продолжи да оперира по традиционалниот начин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП