25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПокрај Бејл, Перез го сака и Боаш

Покрај Бејл, Перез го сака и Боаш

Gareth+Bale+Southampton+v+Tottenham+Hotspur+dOwXFObM1_ox

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, истакна дека има две главни желби за летниот преоден рок. „Кралевите“ ќе се обидат да ја доведат првата ѕвезда на Тотенхем, Герет Бејл. Меѓутоа според шпанските медиуми првиот човек на актуелниот првак на Шпанија го сака и тренерот на лондонскиот клуб, Андре Вилаш-Боаш.

Најверојатно Жозе Мурињо на крајот од сезоната ќе си замине од Мадрид, па така и многу тренери фигурираат како негови потенцијални заменици, како Карло Анчелоти, Јоаким Лев, Михаел Лаудруп, а и Јирген Клоп.

Сепак Флорентино има „кец во ракавот“, а тој се вика Андре Вилаш-Боаш. Младиот португалски стручњак одлично работи оваа сезона и се поизвесен е неговиот пласман со Тотенхем во Лигата на Шампионите.

Перез се надева дека Вилаш-Боаш би можел да ја продолжи филозофијата на Мурињо, а уште доколку успее да го доведе и Герет Бејл тоа би било добитна комбинација за Реал во наредната сезона.

Тотенхем одамна порача дека нема да го пушти Бејл за помалку од 60 милиони евра, а сега останува да се види дали раководството на клубот е подготвено да се откаже и од тренерот.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП