28 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАИндустриското производство во еврозоната со поголем пад

Индустриското производство во еврозоната со поголем пад

indu proizvodstvo

Според последните податоци, индустриското производство во еврозоната се намали до 18-месечен минимум во февруари, неутрализирајќи дел од својот раст од почетокот на годината.

За месеците показателот забележа намалување од 0,8%, што се покажа полошо од просечните очекувања на професионалците за пад од 0,7. Падот стана реалност по ревидираниот раст во индустриското производство од 1,9% во јануари, што беше неговиот најголем пораст од 2010-та година наваму. И додека намалувањето во февруари е делумно, предодреден од сезонски фактори, експертите предупредуваат дека тоа може да е предвесник на понатамошни лоши податоци за економијата на еврозоната.

Индексот PMI, кој ја надгледува активноста во производниот сектор, се намали во последните месеци, а економската доверба во еврозоната е најниско за последната една година. Еврото забележа значителен пад по резултатите, а се тргува на ниво од 1.1303 однос на доларот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП