27 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАFitch го задржа врвниот кредитен рејтинг на САД

Fitch го задржа врвниот кредитен рејтинг на САД

sadamerikawef6w4e6f4e64few

Американската агенција за кредитен рејтинг „Fitch“ го потврди врвниот кредитен рејтинг на Соединетите Американски Држaви, „ААА“, наведувајќи дека најголемата светска економија останува силна и дека има поддршка од доларот како водечка резервна валута во светот.

Минатогодишната стапка на раст на БДП на САД од 2,4 проценти, потисната од длабокиот пад во нафтениот сектор и понатака е над стапката за раст на БДП на другите развиени земји во светот, заклучи „Fitch“, пренесува агенцијата Франс прес.

Иако јавниот долг на САД растe, тој останува во рамките на границата која се толерира за рејтингот „ААА“, порача „Fitch“.

„Американската економија е една од најпродуктивните, најдинамичните и технолошки најразвиените во светот, благодарение на силните институции и поволната деловна клима“, се наведува во извештајот на „Fitch“.

Бонитетната агенција, сепак, прогнозирала дека ако не дојде до било какви измени во политиката, товарот од јавниот долг на САД ќе продолжи да расте, од 101 процент од БДП во 2016 година на повеќе од 107 проценти од БДП во наредната деценија.

Исто така предупреди дека политичките судири околу буџетот, кои повеќе пати во последните неколку години ја доведоа земјата дo работ на банкрот, би можеле да се повторат.

„Долгорочно гледано, најголем проблем е растечкиот товар од социјалната заштита по владиниот буџет“, заклучи „Fitch“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП