5 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАНа овие веб портали можете да пронајдете добро платени работни места

На овие веб портали можете да пронајдете добро платени работни места

Glassdoor-660x330

Американскиот портал Huffington Post ги претстави интернет порталите преку кои е можно да се дојде до добро платени работни места. Овој портал наведува дека интернет порталите кои го следат пазарот на труд и бизнис приликите можат да бидат добар начин за пронаоѓање не само на било каква работа туку и на добро платена работа.

Освен тоа, порталите можат да бидат добар начин лицата да стапат во контакт со многу големи и познати комппаии кои можат да им помогнат околу пронаоѓањето на работа.

Одредени портали на заинтересираните можат да им понудат брзи, точни и конкретни информации во врска со приликите за одредено работно место.

Агенцијата GOBankingRates одбра пет портали кои се најдобри за пронаоѓање на добро платена работа.

Според оваа агенција, најдобар портал е 100KJobFinder.com кој е фокусиран на 50 различни видови на работни места кои годишно нудат просечна плата од 80.000 долари.

Следен портал е MyPlan кој нуди широк спектар на можности за пронаоѓање на работа и изградба на кариера. На овој портал се наоѓа и листа со 300 најдобро платени работни места.

Третиот портал е The Ladders кој го користат повеќе од осум милиони професионалци и околу 95.000 компании од сите страни на светот.

Меѓу најдобрите портали е и Glassdoor кој на корисниците им нуди можност да бараат милиони достапни работи во светот.

И на петотто место е порталот LinkedIn, најголемата социјална мрежа за бизнис во светот. На овој портал се нудат бројни совети и препораки за изградба и развој на кариерата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП