11 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАНов раст на цените на акциите на Волстрит

Нов раст на цените на акциите на Волстрит

wallstreet 003

Цените на акциите на Волстрит во вторник пораснале најмногу во енергетскиот сектор, благодарејќи на скокот на цената на нафтата, највисок во последните четири месеци.

Dow Jones зајакна 164 бода, или 0,94 отсто, на 17.721 бодови, додека S&P 500 порасна 0,97 отсто, на 2.061 бод, а Nasdaq индексот 0,8 отсто, на 4.872 бодови.

Сите десет сектори на S&P 500 индексот добија на вредност, а најмногу, 2,8 отсто, скокнаа цените на акциите во енергетскиот сектор.

Тоа е благодарение на силниот раст на цените на нафтата по вестите дека Русија и Саудиска Арабија постигнале договор за замрзнување на производството во пресрет на состанокот на најголемите светски производители во недела во Доха.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП