17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе наближува крајот на банкнотата од 500 евра?

Се наближува крајот на банкнотата од 500 евра?

petstotka 003

Европската централна банка ги испитува можностите за повлекување од употреба на банкнотата со најголем номинална вредност – таа од 500 евра.

Уште во февруари Марио Драги, шефот на централната европска институција, изјави дека таа е многу злоупотребувана, затоа што се користи многу активно за криминални дејствија и финансирање на тероризмот. Дорис Шнибергер, раководител на единицата за валутно управување на ЕЦБ, изјави дека во моментов се разгледуваат техничките прашања поврзани со повлекувањето на банкнотата. Дали сепак таа ќе се повлече од оптек се уште не е одлучено, дополни Шнибергер.

„Сметам дека луѓето се уште уживаат во банкнотите од 500 евра, се уште им веруваат. Постои сепак намалено консумирање на оваа банкнота“, коментира уште Шнибергер за време на форум во Париз на тема „Иднината на кешот“.

Во прилог на загриженоста за честото нејзино фалсификување и нејзиното користење полесно да се „перат пари“, закана пред нејзината иднина е и зголемената улога на електронските пари.

Медиумското внимание кон најголемата банкнота по номинална вредност, исто така иницира за нејзино намалено пребарување и користење во границите на ЕУ, коментира уште Шнибергер.

Според прогнозите на експерти објавени во германското издание „Frankfurter Allgemeine Zeitung“, повлекувањето на банкнотата од 500 евра ќе биде доста скапо, а тоа ЕЦБ ќе ја чини 500 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП