7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААкциите со дивиденди најбарани на Македонска берза

Акциите со дивиденди најбарани на Македонска берза

mak berza

Невобичаено голем промет од 23,3 милиони денари преку 55 трансакции и вкупно 13.902 лотови, беше остварен во вторникот на Македонската берза на хартии од вредност.

Тргување имаше со 15 хартии, при што индексите МБИ10 и ОМБ забележаа пад од 0,38 и 0,21 отсто соодветно.

Дефинитивно денот го одбележаа акциите со најголеми дивиденди. Така, прво место според промет беше акцијата на НЛБ Тутунска банка со 9,7 милиони денари, каде 1.320 лотови се истргуваа по просечна цена од 7.401,52 денари. Дивидендниот принос пресметан според моменталната цена изнесува 8,2 отсто.

Следна според промет беше акцијата на Алкалоид (9,4 милиони) каде 1.791 лотови се истргуваа по цена од 5.300 денари. На оваа цена дивидендниот принос кај Алкалоид АД изнсува 3,9 проценти.

Меѓу најтргуваните хартии беше и акцијта на Охридска банка, каде 368 лотови се истргуваа по цена од 2.327,71 денари. Тоа би значело 3,5 отсто дивиденден принос пресметано според вчерашната цена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП