20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнфлацијата во Велика Британија со 15-месечен максимум

Инфлацијата во Велика Британија со 15-месечен максимум

London_cabs_and_buses

Инфлацијата во Велика Британија се забрза до 15-месечен максимум во март. Причината за тоа е раната прослава на велигденските празници, која иницирала покачување на цените на авионските билети и облеката.

Потрошувачките цени се зголемија за 0,5% на годишна основа во третиот месец од годината, што е најзабрзаниот раст од декември 2014-та година, посочи официјалната статистика. Резултатот ги надмина просечните очекувања на аналитичарите, кои прогнозирале инфлација од 0,4% во текот на месецот. Без да се земат силната промена на цените на енергетските суровини и храна, инфлацијата изнесува 1,5%, или најмногу од октомври 2014-та година. Авионските билети се зголемиле во март на годишна основа, наспроти нивниот раст од 2,7% во март минатата година. Облеката исто забележа раст од 1% во март, откако се намалија во текот на истиот месец минатата година.

И додека инфлацијата се уште е далеку под посакуваните 2 проценти од централната банка, нејзниот забрзан раст е загрижувачки сигнал за трендовите кај цените и ги зголемува очекувањата за неодамнешното зголемување на каматите во земјата.

Фунтата се зголеми по резултатите до нивоа на трговија од 1.4289 однос на доларот, или раст од 0,3% во однос на вчерашните нивоа. Очекувањата на инвеститорите во оваа фаза се банката да не прибегне кон зголемување на каматите до првиот квартал од следната година. Одлука за монетарната политика ќе има овој четврток.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП