22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНафтен гуру се сомнева: Ова е крај на една ера

Нафтен гуру се сомнева: Ова е крај на една ера

ера-крај

Земјите од ОПЕК тешко можат да се договорат за замрзнувањето на производството на нафта, вели добитникот на Пулицеровата награда за книгата за историјата на нафтената индустрија Даниел Јергин.

Тој истакна и дека очекува закрепнување на цените на нафтата во втората половина од оваа година или во наредната.

Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК) ја загуби економската моќ поради неможноста да ги надмине внатрешните поделби и да ја запре кризата на пазарот за нафта, изјави Јергин во интервјуто за Фајненшл Тајмс.

„На ерата на ОПЕК како глобална економска сила и е предвиден крајот. Поделбите во таа организација се очигледни“, изјави Јергин, човек со репутација на „нафтен гуру“.

Според зборовите на овој експерт, кризата на пазарот за нафта ја покажа неспособноста на ОПЕК да делува уникатно.

Јергин се сомнева дека членовите на картелите можат да се договорат за „замрзнување“ на производството на нафта, додека Иран не донесе одлука за количината на нафта која се извезува.

Во текот на овој месец ќе се сретнат министрите за енергетика на Катар, Русија, Саудиска Арабија и Венецуела со цел да разговараат за замрзнувањето на производството на нафта на ниво на јануари оваа година. Претходно заменик престолонасленикот на Саудиска Арабија Мухамед бин Салман ел Сауд изјави дека неговата земја ќе го поддржи договорот само доколку Иран се согласи да го замрзне производството.

Техеран, сепак, претходно најави дека планира да го зголеми производството по укинувањето на меѓународните санкции.

Цените на нафтата од 115 долари по барел во летото во 2014 година паднаа на сегашните 40 долари по барел, и овој пад на цените може да се спореди само со колапсот на цените на средината на 1980-тите години, истакна Јергин.

Тој очекува дека цента на нафтата ќе започне да расте откако ќе го допре дното.

„Многу складишта се полни, но сега не сме на дното бидејќи нафтата не се складира“. Во втората половина од оваа година, или во наредната ќе видите како пазарот ќе стане избалансиран“, оцени Јергин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП