19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на инфлацијата во Германија

Раст на инфлацијата во Германија

germanyinflation1

Инфлацијата во Германија е благо зголемена во месец март поради растот на цените на храната, услугите и трошоците за живеење, што го неутрализираа падот на цените на енергентите, покажаа денес објавените конечни податоци на Федералната канцеларија за статистика, Дестатис.

Индексот на потрошувачките цени, германското официјално мерило за инфлација, порасна во март за 0,3 проценти по нулта растот во февруари, соопшти Дестатис, а пренесува агенцијата АФП.

Според хармонизираниот индекс на потрошувачки цени (HICP) кој како барометар за инфлација го користи Европската централна банка, мартовската стапка за инфлација изнесувала плус 0,1 проценти во споредба со минус 0,2 проценти во февруари.

Конечните податоци за германската инфлација во март ја потврдија прелиминарната флеш проценка на Дестатис објавена на крајот на минатиот месец.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП