27 јуни, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд септември во училиштата ќе се ангажираат 131 дефектолог

Од септември во училиштата ќе се ангажираат 131 дефектолог

уцилисхта

Во основните и средните училишта од 1 септември 2016 година ќе бидат ангажирани вкупно 131 дефектолог, најави во вторник заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски.

На овој начин, смета Ристовски, дополнително се унапредуваат стручните служби во образовниот систем, од аспект за асистенција на учениците на кои им е неопходна поддршка за правилен развој и тек на образованието.

„Министерството за образование и наука во изминатите неколку недели направи директни контакти со сите училишта во Република Македонија и врз основа на податоците, односно бројот на ученици на кои им е потребна асистенција од дефектолог во било која форма, се направи соодветна анализа која укажа дека има потреба од ангажирање на 74 дефектолози во основно образование и 57 во средно образование, или вкупно 131“, рече Ристовски.

Одлуката за ангажирање на ваков кадар, минатата недела е одобрена од страна на Владата, а со оглед на тоа дека училиштата се децентрализирани, целокупната постапка за ангажирање ќе треба да ја реализираат општините, преку објавување на јавни конкурси, соопштија од Министерството за образование.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар