18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа секој втор Германец му се заканува сиромаштија во пензија

На секој втор Германец му се заканува сиромаштија во пензија

пензионерос

Речиси на секој втор жител на Германија, во иднина поради прениските пензии му се заканува сиромаштија, објави во вторникот јавниот радио сервис Westdeutsche Rundfunk (WDR), повикувајќи се на сопствено истражување.

„Секој втор жител кој до 2030 година ќе замине во пензија, ќе ја прима пензијата под границата на сиромаштијата и ќе биде зависен од социјалната помош“, произлегува од истражувањето на јавниот германски сервис WDR.

Според истиот извор, околу 25 милиони пензионери нема да примаат пензија доволна за живеачка и ќе бидат зависни од државната социјална помош. Притоа, не станува само збор за лица кои не работеле, туку и за работници кои уредно ги плаќаат придонесите во пензиските фондови.

Причина за малите пензии, според истражувањето на Westdeutsche Rundfunk, е сé поголемиот процент лица кои работат во пониско платените сектори, како што се гастрономијата или малопродажбата. На тоа треба да се придодаде и големиот број лица кои работата со скратено работно време, што е практика воведена по реформите на пазарот на трудот, што ги воведе владата на Герхард Шредер, и што овозможува пофлексибилно вработување на работниците.

Се дава примерот со лице кое во 2030 година сака да зема пензија чиј износ е над границата за основните потреби, кое би требало, покрај бруто примањата од околу 2.000 евра месечно, 40 години да уплатува во пензискиот фонд. За основна потреба во моментов во Германија се смета сумата од околу 400 евра месечно, на што уште треба да се додаде додатокот за станарина кој зависи од местото на живеење, а што на сите кои немаат доволно големи примања им го намирува државата во рамките на социјалната помош.

Од истражувањето на WDR поизлегува дека ниту приватните пензиски осигурувања, познати како вториот пензиски столб, не претставуваат решение, бидејќи вработените со пониски плати не можат да си дозволат ваков вид пензиско осигурување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП