19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на нафтата во раст по намалените прогнози за производството во САД

Цените на нафтата во раст по намалените прогнози за производството во САД

nafta 83

Цените на нафтата на светските пазари во вторникот во претпладневното тргување пораснаа до највисокото ниво од 4-ти декември, поткрепени од прогнозите за намалување на производството на „црното злато“ во САД и во очекувањето на состанокот на големите производители во Доха на 17-ти, на кој се очекува да договорат замрзнување на производството на јануарското ниво.

Според состојбата на пазарите на пладне, на лондонскиот пазар цената на нафтата за испораките во јуни од северноморската нафта од марката Brent порасна за 1,45 отсто, на 43,45 долари за барел. На американскиот пазар, пак, цената за испораките од марката WTI во мај се зголеми за 1,09 отсто, на 40,77 долари за барел.

Според прогнозите на управата за енергетски информации (EIA) при владата на САД, екстракцијата на нафта од шкрилци на големите наоѓалишта на нафта и гас во САД во мај 2016 година ќе се намали во споредба со април за 114.000 барели, на 4,836 милиони барели дневно.

„Сега многу зависи од исполнувањето на очекувањата од состанокот во Доха, кој ќе се одржи во недела. Условите на пазарот оваа седмица одат во полза на нестабилноста“ на цените на нафтата, вели за Reuters Карстен Фрич, виш аналитичар во „Commerzbank“, според кој треба да се има предвид и месечниот извештај на американското министерство за енергетика.

Вложувачите, исто така, се во исчекување на објавата на новите податоци за резервите од нафта во САД. Комерцијалните нафтени резерви, според податоците на министерството за енергетика, за седмицата заклучно со 1-ви април, се намалиле за 0,9 отсто или за 4,9 милиони барели, на 529,9 милиони барели. Производството на нафта во САД, пак, во истиот период се намалило за 0,15 отсто или за 14.000 барели дневно, на 9.,008 милиони барели дневно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП