26 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАОд кого да побарате совет?

Од кого да побарате совет?

sovet1

Родителите се најдобри за давање совети за работа, но дури и тие во 31 процент од случаите грешат. Шефовите и колегите не се објективни и може да згрешат.

Иако луѓето во работна недоумица најчесто бараат совет од блиските и искусните колеги од работа, тоа според американско истражување, не е добро решение.

Се испоставило дека 58 отсто вработени добиле многу лош работен совет од своите најблиски колеги, а шефовите одмогнале во дури 54 отсто од случаите.

Родителите или роднините се подобри работни советници, но и тие во 31 отсто од случаите погрешно ја процениле ситуацијата. Иако повеќето луѓе ненамерно ги советувале колегите, други тоа го направиле заради своја корист.

Затоа треба добро да се размисли кој ќе ви даде искрен, корисен и добронамерен патоказ. Внимавајте од кого ќе побарате совет и во моментот кога ќе го добиете размислете дали тој е реален, дали ви наштетува на некој начин и дали ќе ја подобри ситуацијата во која се наоѓате.

 

Услугата од советот секогаш се враќа

Неретко најдобрите совети доаѓаат од луѓе кои биле во иста ситуација. Но вие морате да знаете што сакате од својата кариера, бидејќи во спротивно никој нема да може да ви помогне. На своите “советници” заблагодарете им се и возвратете им ја услугата.

Со повеќе совети полесно се одлучува

Иако блиските пријатели, семејството и сопружниците го сакаат најдоброто за вас, тие не знаат кои се вашите лични и професионални цели. Слушнете го секој совет, но најстојувајте да не заборавите на она што навистина го сакате. Обидете се да слушнете што повеќе совети, бидејќи секој знае некој кој бил во слична ситуација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП