18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБерзанските индекси на Волстрит паднаа во пресрет на објавувањето на деловните извештаи

Берзанските индекси на Волстрит паднаа во пресрет на објавувањето на деловните извештаи

volstrit-berzi

Берзанските индекси на Волстрит во понеделник благо падна бидејќи инвеститорите беа внимателни во пресрет на сезоната на објава на кварталните бизнис извештаи на компаниите, кои се очекува да не бидат многу импресивни.

Dow Jones ослаби 0,12 отсто, на 17.556 бодови, додека S&P 500 се лизна 0,27 отсто на 2.041 поени, додека Nasdaq индексот 0,36 отсто, на 4.833 бодови.

Во осум од десет сектори на S&P 500 индексот, цените на акциите паднале, бидејќи инвеститорите не сакат да ризикуваат во пресрет на сезоната на објава на бизнис резултатите на американските компании за првото тромесечје.

Аналитичарите во анкетата за Reuters проценуваат дека заработките на компаниите од S&P 500 индексот во првото тромесечје просечно паднале 7,7 отсто во однос на истиот период лани.

Силниот долар, падот на цената на нафтата и забавувањето на растот на глобалната економија, се најважните причинители на слабоста на приходите и заработките на компаниите.

Во добивка е рударскиот сектор, благодарејќи на растот на цените на суровините, а пораснале и цените на акциите во финансискиот сектор, бидејќи инвеститорите се надеваат на подобри резултати и подобри проценки на понатамошното работење од она што го очекуваат аналитичарите.

Во втората половина на неделата бизнис извештаи ќе објават дел од водечките американски банки, како JPMorgan, Citigroup и Bank of America.

Забавувањето на растот на глобалната економија, острото намалување на инвестициите на рударските и нафтените компании негативно влијаат врз финансискиот сектор, па аналитичарите во анкетата на Reuters очекуваат пад на заработката на американските банки во првото тромесечје за 9,2 отсто на годишно ниво.

Од тие причини цените на акциите во финансискиот сектор од почетокот на годината паднале околу осум отсто, додека S&P 500 индексот успеа да ги надомести сите загуби од почетокот на годината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП