26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИLee® машка и женска колекција за пролет-лето 2016

Lee® машка и женска колекција за пролет-лето 2016

daa

Lee® презентира весела, модерна машка колекција за пролет-лето 2016 со избледени материјали, дезени и весели принтови. Легендарните Lee парчиња се обновени со нови бои – од палмино-зелена и небесно сина до црвена како зајдисонце, аплицирани на суптилно структурирани материјали, создадени за модерни времиња.

Lee® Luke се фит фармерки со стеснети ногавици, а Daren и Malone се регуларни, рамни фармерки со остар „скини“ крој. Arvin – лансирани минатата сезона, се релаксирана верзија на регуларните џинс, а исто така има голем избор на куси петџебни панталони, „школски“ чинопанталони кои се фит и издржливи, во различни бои и текстури. Деталите во целата колекција се инспирирани од војничките елементи, кои вклучуваат ластик на половината на опуштените jog-џинс со дополнителни џебови и прилагодувачи на теренските, широки панталони.

Lee® се потпира на неговите вештини и знаења за дизајн за да додаде три исклучителни тексас фармерки– црни, сини и бели – серија на различни нијансирани и избледени џинс кои се издојуваат со историскиот начин на кроење на брендот. Финеси како ефекти на различен интензитет на носени или неносени фармерки, имаат ресести детали, искинати или закрпени парчиња. Новиот тренд на нијансирање, инспириран од 80-тите години – „moonwash“ е изречен во темно сиви и модро сини тексас тонови комбиниран со чист, беспрекорен изглед. Другите уникатни ткаенини се со детали на рибина коска и ситни карирани дезени и риги.

Овој летен, енергичен дизајн се пренесува во обновените Lee® тексас кошули за пролет-лето ‘16 во огромна серија на различни нијанси и стилови. Маичките се од високо квалитетни материјали. Беспрекорно сошиена во колекцијата е Lee® моторџиската јакна со храбра палета на бои.

Со вистински иновации во дизајнот, вешти џинс финеси, смели бои и принтови, нови исклучителни материјали со префинета структура, Lee мажите за пролет-лето 2016 може да се сметаат за подготвени за летната сезона, полни со самодоверба.

lee

Свежото размислување и самоувереност е пренесена преку светлите и храбрибои – Lee® женската пролет-лето 2016 колекција се движи околу новите прилагодени кроеви, новите структурирани материјали и вистински џинс иновации. „Валкано розова“, светло жолта, светли небесни нијанси и „vintage“ војничко-зелена се комбинираат со темни и богати тонови, а се вклучени и влијанија на војничкиот стил, шириоки шик ногавици кои се дизајнирани за да го слават личниот стил на оној кој ги носи парчињата.

Легендарните Lee® кроеви – „skinny“, „slim“и „straight“, се враќаат заедно со широките и ѕвонести ногавици, како и со нови сезонски изненадувања. Scarlett – ултимативните петџебни скини џинс се преработени со нов еластичен раб, а Toxey – супер-скини фармерките имаат привлечен, краток крој со патенти кои се искористени како главен детаљ. Skyler и Emlyn фармерките со висок струк, имаат модерен и рамен фит.

Нов модел за оваа сезона се Auberry фармерките, со кратки широки ногавици, инспирирани од современите улични модни икони. Слични на нив, други модели на широки панталони се Annetta – модерните ѕвонарки, Joliet привлечни панталони до глужд и Sallie –„boyfriend“ џинс.

Секој горен дел, кошула, маица е надграденаво формата и дизајнот, со интересни избледувања и нови „oversized“ кроеви. Деталите во колекцијата се прекрасно пренесени преку вметнувањето на  елементи инспирирани од работниците, како и користењето на исклучителни материјали со префинети структури. Возбудливите форми се присутни на тесните Lee® Bib фустани од црн тексас, лежерните шорцеви и „пин-ап“ куси панталони. Џогер-џинс од вешто скроен тексас, со тесни ногавици и ластик на половината,придонесуваат за префинет, спортско-луксузен изглед.

Ова е шарена, летна и весела колекција со вистински џинс интегритет, иновативен дизајн и шик, безгрижен дух.

Колекцијата пролет-лето 2016 можете да ја погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП