7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИталијанскиот банкарски сектор ги предводеше добитниците на европските берзи

Италијанскиот банкарски сектор ги предводеше добитниците на европските берзи

evropski

Цените на акциите на европските берзи во понеделник во голем дел пораснаа, најмногу во рударскиот и италијанскиот банкарски сектор.

Франкфуртскиот DAX индекс зајакна 0,63 отсто, на 9.682 бодови, а париски CAC 0,22 отсто, на 4.312 поени. Лондонски FTSE ослабе незначително на 6.200 бодови.

Најмногу порасна цените на акциите во италијанскиот банкарски сектор, бидејќи инвеститорите се надеваат дека италијанската Влада наскоро ќе објави план за формирање на државен фонд кој би ги откупил лошите банкарски кредити и би ја зголемил нивната капитална база.

Инвеститорите се внимателни и заради падот на цената на нафтата, откако минатата недела скокнаа за осум отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП