19 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрет саем за високото образование во САД

Трет саем за високото образование во САД

saem-obrazovanie

Американските катчиња во Македонија, заедно со центрите за образование во САД, лоцирани во Скопје, Битола, Тетово и Штип и со поддршка на Амбасадата на САД организираат Саем за високото образование во САД 2016. 

Саемот ќе се оддржи во вторник, во салата „Милениум“ – хотел „Холидеј Ин“ во Скопје, од 17 до 20 часот.

Во рамките на турнејата низ Југоисточна Европа за образование во САД, четиринаесет претставници од американски колеџи и универзитети ќе ги посетат Љубљана, Загреб, Сараево, Подгорица, Белград, Скопје и Приштина.  Оваа турнеја се организира по трет пат, по огромниот успех во 2014 година, кога дојдоа повеќе од 2.000 посетители. Претставниците на високообразовните институции ќе се претстават на саемот во Скопје и ќе одговараат на прашања на студенти и родители во врска со академските програми за додипломски и постдипломски студии, како и за можностите за стипендии и финансиска помош.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП