28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСкромен почеток на неделата на Македонска берза

Скромен почеток на неделата на Македонска берза

makedonska-berza

Вкупен промет од 2,6 милиони денари реализиран преку 44 трансакции е сликата од понеделничкото тргување на Македонска берза.

Вкупно се тргуваше со 17 хартии, при што од нив кај седум имаше раст, кај четири беше регистриран пад, а шест останаа без промена. Вооедо ниедна хартија од вредност вчера не направи промет поголем од милион денари.

Индексите, исто така, без поголеми промени. Индексот на акции МБИ10 беше во позитивна територија (+0,30 отсто) и моментално изнесува 1.767,30 индексни поени, додека индексот на обврзниците остана без промена (129,13 индексни поени).

Според денешната објава на официјалната страна на Македонската берза за хартии од вредност, Охридска банка објави предлог одлука според која се предвидува исплата на дивиденда од 91 денар, бруто по акција. Последен датум на тргување со право на дивиденда е 23.05.2015.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП