Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во вторникот ќе ги промовира на сообраќајно едукативен проект „Едукативен автобус“.
Настанот ќе се одржи вторник во 11 часот во основното училиште „Братство“ општина Карпош, населба Тафталиџе 2, од каде ќе започне првото едукативно возење за учениците од оваа училиште.
На настанот ќе присуствуваат и ќе се обратат: Стојче Стаменковски, претседател на РСБСП, Стевче Јакимовски – градоначалник на општина Карпош, Игор Јанушев, директор на ЈСП Скопје, Димитар Миновски, гГенерален секретар на АМСМ.