17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАмериканските и британски вложувачи во кампања против антибиотици во храната

Американските и британски вложувачи во кампања против антибиотици во храната

meso-seso

Повеќе од 50 инвеститори кои управуваат со капитал вреден повеќе од 1,41 билиони долари, покренаа иницијатива за ограничување на користењето антибиотици во месото и во живината кои ги користат десетте најголеми американски и британски ресторански синџири, меѓу кои се и „McDonalds“, „Domino’s Pizza Group“ и „Wendy’s“.

Големите инвестициски куќи во март во заеднички писмо ги повикаа големите ресторански синџири да ги утврдат роковите до кои ќе престанат да користат антибиотици во храната која ја користат во своето производство.

Овој чекор следеше по предупредувањето од страна на Светската здравствена организација (СЗО – WHO) дека светот се движи кон ткн постантибиотска ера во која многу инфекции повеќе нема да може да се лекуваат поради прекумерното користење на антибиотиците.

Околу 80 отсто од антибиотиците кои користат во САД, ѝ се даваат на стоката, објави здружението на инвеститорите, додавајќи дека избегнувањето да се даде спротиставување на неодговорното трошење на антибиотиците го загрозува, како здравјето, така и профитот.

„Тие големи прехранбени компании се клучен дел од нашите пензиски и штедачки фондови, па станува збор за разумно управување со ризиците, кога бараме да го изнесат планот за решавање на ова прашање. Светот се менува, прописите за употребата на антибиотиците ќе бидат построги, а потрошувачите се свртуваат од храната произведена во фабричките фарми. Како управители на тие прехранбени компании и одговорни вложувачи, сакаме да ги заштитиме и човечкото здравје и вредноста на акциските удели“, изјави Џереми Колер, водечки експерт во инвестициската куќа „Coller Capital“.

Според здружението на инвеститорите, инфекциите кои повеќе не можат да се лекуваат поради отпорноста на постојните антибиотици ќе резултираат со загуби од 100 билиони долари во светски рамки до 2050 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП