5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSociete Generale и Unicredit станаа консултанти за гасоводот Северен тек 2

Societe Generale и Unicredit станаа консултанти за гасоводот Северен тек 2

nord-nors

Француската и италијанската кредитни институции „Societe Generale“ и „Unicredit“, како и руската компанија „РБПФ Проектное финансирование“, се избрани за финансиски консултанти за проектот за изградба на гасоводот Северен тек-2, изјавија во понеделникот вечерта за агенцијата РИА од службата за односи со јавност на операторот со проектот „Nord Stream 2 AG“.

Финансиски консултанти за Северен тек-1, се шкотската „Royal Bank of Scotland“, германската „Commerzbank“ и француската „Societe Generale“.

Претходно челникот на рускиот енергетски гигант „Газпром“, Алексеј Милер изјави дека новиот проект е проценет на 9,9 милијарди евра,

Во средината на јуни минатата 2015 година „Газпром“ објави дека договорил со британско-холандскиот конзорциум „Shell“, со германски E.ON и австриски OMV план за градење нов гасовод кон Германија. Според меморандумот за разбирање, E.ON, OMV и „Shell“ ќе се вклучат во изградбата на новиот гасовод од Русија преку Балтичкото Море до Германија, со годишен капацитет од 55 милијарди кубни метри природен гас. Временската рамка за реализација на проектот не е наведена, а новиот гасовод би требало за двојно да го зголеми капацитетот на постојниот Северен тек-1, кој сега ги поврзува двете земји.

Новиот гасовод е планиран во близина на постојниот Северен тек-1. „Газпром“ ќе поседува 50 отсто од проектот, а BASF, E.ON, „Engie“, OMV и „Shell’ по 10 отсто.

Во декември Италија се обиде да го блокира продолжувањето на санкциите на ЕУ против Русија поради украинската криза и истапи противи изградбата на рускиот гасовод Северен тек 2, кој го форсира и делумно финансира Германија, откако Европската комисија со своите активности всушност предизвика Москва да се повлече од проектот Јужен тек, со кој со природен гас требаше да се снабдува и Италија. Тогаш премиерот Метео Ренци отворено ја обвини Унијата за „двојни стандарди“.

Полска, исто така, изјави дека плановите за изградба на уште еден гасовод кој би ги поврзувал Русија и Германија, ткн Северен ток 2, не се економски мотивирани, туку имаат политички причини.

Средноевропските и јужните европски земји се противат на овој германски проект, тврдејќи дека ќе ја зголеми зависноста на ЕУ од увозот на гас од Русија, и оти ќе ја наруши европската солидарност.

Меѓутоа, повеќето, како Италија на пример, истакнуваат дека Европската комисија всушност ја запре изградбата на гасоводот Јужен тек, под наводен изговор дека ќе биде заобиколена Украина и оти не биле почитувани прописите на ЕУ, а со кој гасот требаше да биде донесен до јужните земји членки, а сега нема ништо против Северен тек 2 кој се гради под исти услови како и гасоводот од кој Москва се откажа откако не најде заеднички јазик со Брисел.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП