17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДевет станбени објекти во Капрош ќе добијат нови фасади

Девет станбени објекти во Капрош ќе добијат нови фасади

novi-fasadi

Општина Карпош продолжува со реконструкција на фасадите на територија на оваа скопска општина, а по досега бројните реконстурирани објекти, од пред еколку дена започна реставрирањето на фасадата на зградата на улицата Љубљанска бр.1, а веднаш по неа е станбениот објект на улицата Воденска бр.6, информираше во понеделникот градоначалникот Стевчо Јакимовски.

Вкупната инвестиција за двата објекта ќе изнесува 4.800.000 денари и ќе биде покриена од буџетот од Општина Карпош. Рокот на изведба на двата објекта е 21 ден и се планира до октомври оваа година предвидените 11 згради да бидат целосно реконструирани.

Првиот човек на општината, Стевчо Јакимовски во изјавата за медиумите, додаде дека и покрај многубројните паркинг простори, станарите ќе имаат можност за бесплатно паркирање во близина.

Станарите на „Љубљанска 1“ ќе добијат бесплатен паркинг простор во трговскиот центар „Скопје Сити Мол“и нема да имаат никаков проблем при паркирањето за своите возила, најави градоначалникот на Карпош.

„Исто така, сакам да ги замолам граѓаните со заеднички сили со локалната самоуправа, да ја реконстурираме и покривната конструкција, со тоа што локалната самоуправа ќе издвои средства за лимот, парната брана и изолацијата, а пак граѓаните ќе треба да ги покријат трошоците за работната рака“, рече Јакимовски и додаде дека соработката со „Хабитат Македонија“ е од големо значење, бидејќи тие се подготвени да го одобрат повеќегодишниот кредит, со што почнатите згради и најавените девет кои дополнително ќе се работат, целосно ќе бидат реконстурирани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП