11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе доуредува инфраструктурата во индустриската зона Прилеп 1 и се развива регионалната...

Се доуредува инфраструктурата во индустриската зона Прилеп 1 и се развива регионалната соработка

ind-zona

Градежните работи за доуредување на инфраструктурата во индустриската зона Прилеп 1, се во тек и во моментот се работи на асвалтирање на улицата во Р2 зона во должина од 380 метри.

Оваа инвестиција чини седум милиони и шестотини илјади денари средства обезбедени од гранд од Светска банка кои Општина Прилеп ги доби за успешно реализиран проект за влез на градот Прилеп.

Во склоп на овој инфраструктурен зафат ќе бидат обезбедени и доосветлувањето и изградба на тротоари. Градоначалникот Ристески посочи дека во индустриската зона Прилеп 1 експресно биле продадени сите 21 парцела, а моментално се градат седум објекти.

Истовремено во пенеделникот, во организација на Регионалната комора со седиште во Прилеп, повеќечлена прилепска делегација предводена од страна на потпретседателот на Регионалната комора Сашко Самарџиоски и градоначалникот Марјан Ристески, беше во инфромираа за работна посета на збратимениот град Ваљево од Република Србија
.
Во делегацијата покрај градоначалникот и потпретседателот на Регионалната комора кој е и генерален директор на „Прилепска Пиварница“, учествуваа и раководните лица на повеќе компании и институции од Прилеп како што се: месната индустрија „Марфил“, прехрамбената индустрија „Витаминка“, трговската фирма на алкохолни и безалкохолни пијалоци „Ники Комерц“, „Стопанска Банка Скопје“, „Водостопанство Прилеп“, „Кривогаштанипромет“ и „Општа болница“ од Прилеп.

Целта на работната посета беше, на покана од Регионалната стопанска комора од Ваљево и општината Ваљево да се продолжи досегашната соработка и по можност истата да се прошири во повеќе области како и посета на регионалниот саем „СПРЕГ 2016“ во Ваљево. За време на дводневниот престој на делегацијата во Регионалната стопанска комора Ваљево имаше средба со раководството на комората, при што беше извршена презентација за колубарскиот регион.

Потоа делегацијата беше примена од страна на градоначалникот на Општина Ваљево, Славко Терзиќ и неговите соработници кои изразија големо задоволство за наивната посета, при што обострано се разменија информации за економската и културната соработка на двете општини со заедничка желба истата да продолжи онатаму.

Во продолжение на престојот беше посетена „Ваљевската пивара“ која е во државна сопственост и една од поуспешните пивари во Србија,при што се разменија доста информации меѓу директорот на Прилепската пивара и раководството на Ваљевската пивара.

Од страна на градоначалникот на Општина Прилеп, Марјан Ристески беше поканета ваљевската пивара да учествива на фестивалот за пиво„Пиво фест 2016“ во Прилеп кој ќе се одржи во терминот од 14-ти до ѝт-ти јули годианва.

Исто така, беше посетен и регионалниот саем „СПРЕГ 2016“ на кој излагаа повеќе од 200 компании од Србија,Босна и Херцеговина и Република Српска. На саемот претежно учество имаа земено компании од прехрамбената, преработувачка индустрија, електроиндустријата и информатичка технологија, при што нашите компании остварија контакти за меѓусебна соработка.

Остварена е посета на фабриката за вода „Вујиќ вода“ како и научно-истражувачкиот центар „Петница“ кој остави најдобар впечаток, бидеќи се работи за научно-истражувачки центар од европско значење каде учествуваат предавачи и учесници од цела Европа меѓу кои и голем број од Македонија. Центарот располага со врвни лаборатории од повеќе научни дисциплини како што се физиката, хемијата, биологијата, астрономијата и др. и библиотека која располага со богат фонд на книги, учебници и разни публикации од светски автори од областа на науката.

За време на работната посета во Ваљево, приелпската делегација остварила средба со раководството на Регионалната комора од Бања Лука кои изразија голема желба во јуни годианва година да ги посетиме при што предложија да се потпише Меморандум за заедничка соработка меѓу коморите како и побратимување на градовите Бања Лука и Прилеп.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП