ПочетнаЕКОНОМИЈАУнгарија ја укинува забраната за работа на продавниците во недела

Унгарија ја укинува забраната за работа на продавниците во недела

zarva

Унгарската влада одлучи вчера да се откаже од непопуларната забрана за работа на малопродажните синџири во недела.

Забраната за работа на продавниците, која ги принудува сите освен најмалите малопродажни места, да не работат во недела, е на сила нешто повеќе од една година, а Унгарците ја сметаат за непопуларна.

„Се покажа дека забраната внесува раздор. Не можеме да ги увериме граѓаните дека ова е успешна мерка гледано од нивна позиција. Според нивното мислење, таа го отежнала нивниот секојдневен живот“, рече Антал Роган, шеф на владиниот кабинет на Орбан.

Две третини од Унгарците кои учествувале во анкетата на компанијата Ипсос минатата година, рекле дека се против забраната за работа во недела. Владата тврдеше дека забраната е полезна за малопродажниот сектор и дека вработеноста во тој сектор лани пораснала.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП