9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ: Албанија е лидер во Европа по производството на марихуана

ЕУ: Албанија е лидер во Европа по производството на марихуана

mara 333

Албанија е на прво место во производството на дрога во Европа, се вели во Извештајот на ЕУ за производство и шверц на дроги во Европа.

Во документот се наведува дека Албанија и минатата година останала на прво место во производството на дрогата од типот Канабис Сативас , односно марихуана.

Притоа во податоците на Извештајот што ги пренесува албанскиот печат се нагласува дека акцијата на Албанија во селото Лазарат кое било главно место на производство на дрога е во ред, но се додава дека има дрога и во многу други локации  во целата земја.

И во последниот извештај на САД се наведуваше дека Албанија е главен производител на марихуана.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП