30 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНБРМ смета дека македонските банки имаат добар систем за спречување перење пари

НБРМ смета дека македонските банки имаат добар систем за спречување перење пари

narodna-banka222

Системот за контрола и спречување на појавата на перење пари на банките во Македонија е функционален и досега нема идниции за незаконски дејствија, а доколку постојат индиции за сомнителни сметки од земјата во Панама, во следните контроли кои ги вршат ќе се посвети поголемо внимание наредните ќе се земат предвид тие трансакции во репрезентативниот примерок, соопштија во понеделникот од Народната банка на Република Македонија (НБРМ).

Од централната банка, во контекстот на планетарниот скандал наречен Panama Papers за офшор компании кои преку адвокатска канцеларија од Панама ги засолнувале парите во офшор компании избегнувајќи го плаќањето даноци и перејќи пари од сомнителни трговии со оружје и дроги, истакнуваат дека банките во Македонија имаат добра инфраструктура, односно системите за спречување перење пари и дека доколку тие функционираат нема можност да помине некоја трансакција незабележана.

Во изјавата за медиумите се потсетува и дека НБРМ еднаш во годината врши редовна контрола на репрезентативен примерок во банките, во кој се земаат предвид и големите трансакции, а врз основа на спроведените контроли на примероците, наведуваат дека станува збор за исправни трансакции.

Појаснуваат дека задачата на Народната банка е да следи дали банките имаат добри системи за спречување перење пари, а постапувањето по сомнителни трансакции доколку ги има е на Управата за финансиско разузнавање.

Задачата на НБРМ е да обезбеди банките да имаат системи за намалување на ризиците. НБРМ ја нема надлежноста да постапува по нив и банките, доколку постојат индиции за сомнителни трансакции, за тоа ја информираат Упрвата за финансиско разузнавање, а во централната банка само информираат дека пријавиле сомнителни трансакции кај Управата, којашто ги презема санкциите, нема обврска да ја информира НБРМ.

Од НБРМ велат и дека немаат статистика колку такви пријавени постојат, и потсетуваат дека станува збор за динамична состојба којашто се менува.

„Доколку надлежните утврдат дека има незаконски дејствија кај банките, тогаш НБРМ во рамки на своите надлежности презема ригорозни мерки. НБРМ има комуникација со надлежните институции и веруваат во нивната работа која се базира на меѓународни стандарди“, заклучуваат од централната банка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП