28 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАСистеми за зголемување на персоналната продуктивност (СЗПП)

Системи за зголемување на персоналната продуктивност (СЗПП)

ZaSZPP

Кои се врвните 10 бенефити од користењето на СЗПП ?

 

СЗПП обезбедуваат уникатни бенефити како за поединецот така и за организациите. Овдека ќе стане збор само за забележаните бенефити кај поединецот.


1. СЗПП (Системите за зголемување на персоналната продуктивност) ветуват чувство на опуштена контрола

Ова мора да биде број еден бенефит во примената на СЗПП на вашиот личен и професионален живот. Правењето чести “ум-депонии”, собирањето на сите ваши “нешта”, а потоа нивна обработка и организирање во корисни информации во вашиот доверлив систем е одличен начин да чувствувате контрола на вашиот живот, но сепак опуштени во исто време. За тоа секако е потребно извесно време за да се постигне оваа состојба за да се доживее “ум како вода”, а тоа е она за што сите ние тежнеме.

2. СЗПП ве тера да ја проверувате состојбата на вашиот живот често

Зборувам за основниот неделен преглед тука. Тоа е без сомнение една многу корисна и вредна навика да ја прегледуваш состојбата на вашиот живот често. Само да видиш како сите проекти доаѓаат заедно, што е важно за вас, а што не е, дали сте се уште на вистинскиот пат кон вашите цели, и така натаму. Преземајте акција за да ја поправите насоката во која одите за да се чувствувате опуштено и да имате време, но не кога е премногу доцна или кога сте под стрес.

 

3.СЗПП ви дава слобода на избор

Некои се жалат дека СЗПП не ви кажува што да правите и кога да го сторите тоа. Лично, јас не сакам било кој систем да ми кажува што, кога или како треба да се прави нешто. Имањето доверлив систем ви ја дава крајната слобода на избор. Користите ја вашата интуиција, утврдете ги вашите лични приоритети, а потоа направете избор врз основа на акции и обврски кои се евидентирани во вашиот СЗПП системи. Ти одлучуваш што да правиш, а што не.

4. СЗПП ви помага во изработка и одржување на обврските

Јас само сакам никогаш да не заборавам ништо повеќе. Никогаш да не заборавам повеќе она што некој друг ветил дека ќе стори за мене. Правењето на обврските со себе и со други луѓе станува многу полесно, бидејќи примената на СЗПП ќе осигура дека ги имате сите алатки и начини на размислување за да всушност ги запаметите и да ги задржите овие обврски. Запомнете, ништо не ја повредува врската со некој (вклучувајќи Ве и Вас!) повеќе од кршењето обврски. СЗПП обезбедува системи за евидентирање и следење на сите ваши обврски.

5. СЗПП стимулира размислување однапред

Размислувањето однапред за сите мали или големи проекти во вашиот живот (и снимање на резултатите на овој процес!) е одличен начин за да се зачуваш од осмислување “нештата” одново и одново. Наместо тоа, едноставно се фокусирате на правењето на нештата сакате или треба да се ги направите, знаејќи дека сето размислување и планирање е веќе опфатено однапред. Не дозволувајте вашата работа да ве дефинира … осигурајте дека вие јае дефинирате вашата работа! Постигнете фокус и насоката во вашиот живот со размислување за успешен исход на проектите и да работите на вашето планирање (особено на повисоките нивоа).

6. СЗПП ве поддржува во следење на вашите соништа

ЕДЕН ДЕН / МОЖЕБИ листата беше нешто ново  за мене. Пред да користам таква листа, јас навистина не ги евидентирав сите мои идеи и планови за иднината. Сега не само што ги евидентирам овие “соништа” на структуриран начин, јас исто така ја прегледувам оваа листа најмалку еднаш неделно. Во овој процес се преговара сам со себе за она што сакате да го направите со својата иднина . Пред да го користам СЗПП ова само ќе се случеше кога ќе се соочев со важна одлука. .


7. СЗПП ве прават повеќе продуктивни и поефикасни

Покрај посакувањето да се чувствувате повеќе организирани, да се биде повеќе продуктивни и поефикасни е обично она што за луѓето е главна цел. Всушност, ова бенефит на СЗПП е директен резултат на сите други придобивки заедно. Исклучувањето на “нештата” од вашиот ум, следење на активностите и проектите во доверлив систем, одржувањето на обврските со себеси и другите, мислејќи однапред; сите тие водат кон попродуктивна и поефикасна особа.

 

8.СЗПП е прекрасен градбен блок

Една од работите што ме натера да го прифатат СЗПП е фактот дека тоа не ја исклучува било која друга методологија или продуктивна техника. Всушност, мислам дека СЗПП е високо компатибилен со други продуктивни техники и може да се создаде многу моќен, персонален продуктивен систем со комбинирање на СЗПП со овие други техники. 

 

9. СЗПП ве прави повеќе организирани и води кон помалку неред

Ова е повеќе конкретна, но сепак многу голема корист на СЗПП. Имајќи свој референтен систем,  листи и календар при што сите работат заедно бесшавно, е одличен начин да се добие чувство на организираност. Примена на основните алатки и принципите на СЗПП ќе осигура дека вашата работна маса е чиста. Дека можете да ги чувате и добивате информации во секунди и дека сè си има свое место; само ова ќе ве направи попродуктивни.

 

10. СЗПП ве поддржува да бидете повеќе креативни

Последно, но не и најмалку важно, СЗПП ми имаат помогнато да го преиспитам мојот поглед на “дигиталниот живот”.   Покрај тоа, со примена на СЗПП  ќе ви го ослободат вашиот ум за позначајни и многу повеќе креативни процеси на размислување.

 

 

 

За Горанчо Ивановски,

Авторот на овој текст е еден од ретките мислители и истражувачи од областа на персоналната продуктивност и менаџирање на времето. Тој е автор и писател на текстови од областа на персоналната продуктивност.

Основач е на Ценатарот за животен менаџмент-МАСТЕР и има повеќегодишно знаење и искуство од областа на персоналната продуктивност, но  и како предавач.

Живее во Крива Паланка, Р.Македонија.

goranc

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП