2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМЕ: Проверени се осум албански камиони заради сомнение за зголемена количина на...

МЕ: Проверени се осум албански камиони заради сомнение за зголемена количина на пестициди во земјоделските производи

zelencuk-izvozen-katalog

Трговската размена меѓу Македонија и Албанија се одвива согласно функционирањето на ЦЕФТА, се вели во реакцијата на македонското Министерство за економија(МЕ), откако претходно во некои медиуми се појави информација за застој на албански камиони со свежи зеленчук и овошје на македонската граница со Република Албанија.

Понатаму се додава дека засилената контрола е заради сомнение за зголемена количина на пестициди во земјоделските производи, при што биле проверени осум камиони, од кои четири се веќе пуштени.

„Имено, согласно ЦЕФТА договорот, доколку постои сомнеж дека во увезените производи има пестициди, се дава можност за забрана или ограничување на увозот/извозот или транзитот на стоки, до соодветното испитување (член 17). Тоа подразбира обезбедување на потврда од овластени акредитирани лаборатории во Република Македонија или преку претходно доставен доказ на граничните служби во Република Македонија, од страна на  овластена и меѓународно признаена акредитирана лабораторија од Република Албанија“, пишува во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП