23 јуни, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако позитивното размислување ги подобрува вашите вештини

Како позитивното размислување ги подобрува вашите вештини

positive-thinking

Мисли позитивно и се ќе биде во ред. Утешително, но дали е секогаш изводливо? Префрлувањето на мислите од негативни во позитивни не се случува баш со притискање на копче и навистина ретки се луѓето кои тоа моментално можат да го направат. Реално гледано, често не е лесно да се воочи ништо позитивно во случувањата и околностите кои ги перцепираме како лоши за нас. Но…

Што е всушност суштината на позитивното размислување?

Суштината на позитивното размислување не се огледува во насмевката на лицето кога не ви е до тоа, односно задржувањето на весел (хиперактивен) став. Позитивното размислување подразбира дека во секој момент можете да согледате поширока слика, ментален и емотивен став дека не постои нерешлива ситуација. Тоа е способност од пресудна важност за вашето долгорочно здравје и успех, способност во секој „пораз“ да видите прилика за учење и раст.

Какви се ефектите од позитивното размислување на вашите вештини.

Да речеме дека одите низ шума и дека змија ви излегла на патот. Веројатно ќе се уплашите и ќе започнете да трчате колку што ве држат нозете и ништо во тој момент не би ви било поважно освен да побегнете што подалеку од опасноста. Негативната емоција, како што е стравот, ги програмира вашите акции, односно го намалува просторот за размислување. Но да истрчате од лице место не е единствената опција. Можеби би можеле да се качите на некое блиско дрво, да зграбите гранка…. но вашиот мозок е фокусиран само на стравот како негативната емоција која не ви дозволува да мислите пошироко и да побарате различни опции.

Од друга страна, истражувањата покажуваат дека кога луѓето ги поврзуваат емоциите со некоја ситуација, имаат многу поголема креативност за акција. Поинаку кажано, кога сте обземени со позитивни чувства гледате многу повеќе можности и станувате поотворени. Она што е уште позначајно е дека таквите емоции иницираат развој на вештините кои траат многу подолго од позитивните чувства.

Како да започнете да мислите позитивно

Многу едноставно. Ставајте се себеси почесто во ситуации кои будат многу позитивни емоции. Еве неколку предлози:

1. Медитирајте – истражувањата покажуваат дека оние кои секој ден медитираат имаат ммногу повеќе позитивни емоции и развиени вештини.

2. Пишувајте – секој ден запишете некое позитивно искуство кое сте го имале. Истражувањата покажуваат дека ова го подобрува расположението и имунитетот со текот на времето.

3. Играјте си – оставете време во својот деневен распоред за забавни активности. Дадете си на себе дозвола повеќе да се смеете и истражувате.

Пронаоѓањето на што повеќе моменти на среќа е клучно за отворањето на вашиот ум и учењето на нови вештини кои можат да бидат драгоцени во иднина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП