22 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНајголемите британски банки од тужби и казни губат 53 млрд фунти

Најголемите британски банки од тужби и казни губат 53 млрд фунти

Lloyds-Bank-large_trans++qVzuuqpFlyLIwiB6NTmJwfSVWeZ_vEN7c6bHu2jJnT8

Тужбите и казните поради несоодветни постапки ги чинеле најголемите британски банки и кредитори во сопственост на клиентите речиси 53 милијарди британски фунти во последните 15 години, покажа новата студија објавена во понеделникот.

Сумите потрошени за тие цели ги поткопале настојувањата на банките на зголемувањето на капиталите, им ги ограничиле износите коишто може да пласираат во кредити и ги намалиле дивидендите на нивните вложувачи.

Британските банки во споменатиот период биле погодени од различни видови скандали, вклучително и од оние поврзани со манипулациите на валутните пазари и со референтните каматни стапки, со несоодветните продажби на производите за осигурување на кредитите и сложените производи на заштита поврзани со каматните стапки.

И додека имале проблеми со исплатата на дивидендите на акционерите поради споменатите трошоци, кредиторите продолжиле да исплаќаат големи бонуси на своите вработени кои се мерат во милијарди, покажа студијата на истражувачката компанија „New City Agenda“.

„Профитабилноста на британските банки во сегментот на работење со населенеито е нарушена со тврдокорниот лош пристап. Тоа го направи сиромашен секој граѓанин низ нашите пензиски фондови и нашето сопствеништво над банките со спасуваните пари на даночните обврзнции3, вели Џон МекФол, директор на истражувачката компанија и поранешен директор на одборот на британскиот трезор.

Во извештајот се наведува дека само несоодветното продавање производи за осигурување на наплатата, банките ги чинеле 37,3 милијарди во најскапиот потрошувачки скандал во Британија.

Банкарскиот гигант „Lloyds Banking Group“ бил принуден да резервира сума од 14 милијарди фунти за да ги покрие трошоците поврзани со несоодветното постапување во периодот од 2010 до 2014 година, речиси двојно повеќе отколку кој и да е друг британски кредитор, се наведува во извештајот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП