7 јуни, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈААзиските вложувачи внимателни, доларот и натаму слабее, нафтата расте

Азиските вложувачи внимателни, доларот и натаму слабее, нафтата расте

berza azija 355

На азиските берзи во понеделникот се тргува претпазливо поради анемичните економски показатели, додека курсот на доларот кон јенот падна на ново најниско ниво во последните 17 месеци, а нафтата го продолжува минатонеделниот раст.

На берзата во Токио индексот Nikkei во претпладневното тргување беше во минус од 0,8 отсто, додека цените на акциите во Австралија и Јужна Кореја се лизнаа меѓу 0,1 и 0,3 отсто. Меѓутоа, берзанските индекси во Сингапур, Хонгконг и Шангај пораснаа меѓу 0,1 и 1,8 отсто, па оттаму индексот MSCI на азиско-пацифичките акции, без јапонските, беше во плус од 0,1 отсто.

Најмногу во понеделникот претпладнето падна токискиот Nikkei индекс, што е последица на јакнењето на јапонскиот јен во однос на американскиот долар, бидејќи тоа лоши влијае врз конкурентноста на јапонските извозни производи на странските пазари. Покрај тоа, утрото беше објавено и дека нарачките за машинерии во Јапонија во февруари паднале за 9,2 отсто на годишно ниво, што укажува дека деловните инвестиции и натаму се потиснати.

Од Кона, пак, дојдоа податоци дека потрошувачките цени пораснаа помалку отколку што се очекуваше, додека производствените цени паднале помалку од очекуваното. Тоа укажува, според аналитичарите, на намалувањето на дефлациските притисоци, иако мерките на централната кинеска банка за поттикнување за поттикнување цени уште не ги дале посакуваните резултати.

И додека економските резултати се анемични, на пазарите позитивно влијае продолжениот раст на цените на нафтата. Откако минатата седмица барелот поскапе за околу 8 отсто, во понеделникот претпладнето на американскиот пазар порасна за дополнителни 0,5 отсто, на 39,97 долари. На лондонскиот пазар, барелот во понеделникот претпладнето поскапе за 0,4 отсто ма 42,12 долари, а тргувањето го отвори со 43, 3 долари.

А на валутните пазари доларот и натаму е под притисок. Откако минатата седмица во однос на јенот потона за повеќе од 3 отсто, во понеделникот претпладнето курсот на доларот се лизна за уште 0,2 отсто, на 107,85 јени, а во еден моменти потона и на 107,63 јени, новото најниско ниво од октомври 2014 година.

Јапонските функционери повторно предупредија дека Токио ќе ги преземе неопходните мерки во однос на курсевите на валутите, но се чини оти инвеститорите не веруваат дека тамошната централна банка ќе интервенира за да го сопре јакнењето на јенот.

Доларот ослабе и во однос на европската валута, па во понеделникот претпладне цената на еврото зајакна за 0,1 отсто, на 1,1412 долари, недалеку од највисокото ниво во последните шест месеци од 1,1454 долари.

Поради тоа, индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската валута во однос на другите шест најважни светски валути најголеми трговски партнери на САД, се лизна за 0,2 отсто, на 94,09 поени, недалеку од најниската вредност од ланскиот октомври.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП