19 април, 2025
ПочетнаКУЛТУРАСвечено отворање на Саемот на книгата

Свечено отворање на Саемот на книгата

saem-kniga

Во понеделник, во 19 часот на Скопски саем ќе се одржи свечено отворање на Саем на книгата кое ќе го модерира Игор Џамбазов, а на кое ќе се обратат: Даниела Глигоровска, Извршниот директор на Скопски саем, Сашо Димоски, поет, драматург и еден од водечките писатели на поновата македонска генерација прозни автори, и Раде Сиљан, македонски поет, есеист, критичар и преведувач.

По повод одржувањето на 28-от по ред Саем на книгата од 12-18 априлна свеченото отворање ќе присуствуваат Елизабета Канческа-Милевска, министерка за култура претставници на дипломатски кор, изложувачи, поканети гости по протокол и медиуми.

Повеќе издавачки куќи најавија доаѓање на светски писатели, со кои посетителите ќе имаат можност да се дружат.

Така од, „Антолог“ најавија дека доаѓа авторот на „Оксфордски убиства“ Гилјермо Мартинес, најпреведуваниот аргентински писател на XXI век и еден од најчитаните аргентински писатели во моментов, познат како автор на Оксфордски убиства, роман што беше вистинска сензација во Аргентина, Шпанија, Велика Британија, САД, и според кој беше снимен истоимениот холивудски хит со Џон Харт и со Илајџа Вуд во главните улоги.


„Антолог“ досега има објавено четири од книгите на овој писател со исклучителен прием од страна на читателите. Повод за оваа посета е токму огромниот интерес за делата на Мартинес, но и новообјавениот мистичен трилер Бавната смрт на Лусијана Б., во превод на Огнена Никуљски.

Промоцијата на книгата и средбата со авторот ќе се одржат на 14 април, со почеток во 17 часот, на штандот на „Антолог“ во Метрополис арена.

Волф Oшлис од Германија – македонист, публицист, преведувач и политички аналитичар и Ана Багрјана од Украина – писател и преведувач, се гости на „Македоника литера“

Проф. д-р Волф Ошлис на штандот на Македоника, на 14 април, ќе има средба со читателите и пријателите, при што ќе ја потпишува својата книга „Гермакедонија (студии за македонско-германската заемност низ вековите), која ја објави Македоника, а за која авторот е награден со државната награда за публицистика „Мито Хаџи Василев Јасмин“.

На 16 април на штандот на Македоника литера ќе биде промовирана книгата за деца „Приказни од скопскиот парк“ на Ана Багрјана, во присуство на авторката, а книгата излегува токму за овој саем на книгата.

Во организација на Издавачката куќа „Феникс“ од Скопје, гости на Меѓународниот саем на книгата во Скопје ќе бидат српските писатели Сунчица Дениќ и Мирослав Михаиловиќ.
Сунчица Дениќ е годинашен добитник на меѓународната награда за литератураљ за деца и млади Ана Франк, што ја доделуваат Издавачката куќа Феникс и Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација Македонија презент.

Мирослав Михаиловиќ, исто така, е познат српски писател, уредник на Книжевната заедница Бора Станковиќ, основач и координатор на Борина недела во Врање.
Средбата со Дениќ и Михаиловиќ ќе се одржи на 12 април во 12 часот на штандот на Феникс на Саемот на книгата во Скопје.

Издавачката куќа Готен со девет нови книги и двајца гости, Виктор Хорват и Пјер Џ. Мејлак, добитници на наградата на ЕУ за литература на Саемот на книга

На претстојниот Меѓународен саем на книгата во Скопје, Издавачката куќа Готен ќе понуди девет нови книги.  За првпат на македонски ќе биде претставена една од најреномираните германски авторки, Терезија Мора, со романот Сеништето, кој ги собра сите најзначајни германски награди. Oд домашните автори ќе го објавиме финалистот на наградата Роман на годината, Берт Стајн, со новото мултижанровско дело, Еден час и триесет минути. Од регионалните автори ги објавуваме Неџад Ибрахимовиќ со Инкапсулирани тела, Срѓан Срдиќ со Сатори и Аријан Лека со Домашна змија, за кое академик Луан Старова напиша вдахновен поговор.

Гости на саемот ќе бидат Виктор Хорват од Унгарија и Пјер Џ. Мејлак од Малта, добитници на Европската награда за литература. Нивните наградени дела, Турско огледало на Хорват, кое го преведе Златко Панзов, и Ноќта те разубеди на Пјер Џ. Мејлак,  во превод на Владимир Јанковски ќе бидат промовирани во рамките на саемот.

Меѓу многубројните промоции кои ќе се случуваат на штандот на Просветно дело на претстојниот Саем на книгата, централно место имаат оние на збирката раскази Да се љуби и да се умре на Карибите од Исидора Бјелица и Дрво на животот на Кристина Ковач.

Еден од најхрабрите љубовни романи последниве години, Дрво на животот, ќе биде промовиран во четрток, 14 асприл во 13 часот. За оваа исклучителна љубовна приказна ќе поразговараме со познатата српска композиторка и пејачка Кристина Ковач на која ова ѝ е прв роман. Присутните на штандот на Просветно дело ќе може да добија посвета со автограм од авторката лично.

Да се љуби и да се умре на Карибите е втора книга од Бјелица во издание на Просветно дело, по објавувањето на нејзиниот роман Сама. Оваа збирка раскази не е само приказна за скриениот раj, тоа е книга во коjа потсвеста на авторката, нејзиното скриено jас, пишува за себе, за болеста, за стравот, за краjот на животот многу години пред тоа навистина да се случи. Промоцијата на оваа книга ќе се случи во петок, 15 април од 13 часот кога Бјелица ќе биде присутна на штандот на Просветно дело.

Просветно дело на годинешниов Саем на книгата ќе ги претстави и изданјијата од новите едиции лиценцирани наслови за деца како Миа и јас, Нинџа желки, Дора истражува и Сунѓерот Боб.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП