14 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на нафтата скокна на светските пазари за 8 отсто

Цените на нафтата скокна на светските пазари за 8 отсто

nafta 38844

Цените на нафтата на светските пазари мината седмица пораснаа за околу 8 отсто, најмногу во последните месец дена, бидејќи податоците за падот на резервите во САД ги поттикнаа надежите дела понудата и побарувачката наскоро ќе се урамнотежат.

На лондонскиот пазар цената на барелот на затворањето на тргувањето во петокот изнесуваше 41,94, долари, што е речиси 8 отсто повеќе отколку една седмица претходно. И на американскиот пазар барелот минатата седмица поскапе за 8 проценти, на 39,72 долари.

Најголемиот седмичен скок на цените на нафтата од почетокот на март дојде благодарејќи, меѓу другото, на извештајот за падот на резервите во САД претходната седмица за речиси 5 милиони барели, додека аналитичарите очекуваа нивен раст за 3 милиони барели.

Овие неочекувани податоци ги поттикнаа надежите дека понудата и побарувачката наскоро би можеле да се урамнотежат. На намалувањето на производството во САД укажува и извештајот на компанијата „Baker Hughes“, според кој минатата седмица бројот на наоѓалишта бил намален трета седмица по ред.

Покрај тоа, инвеститорите се надеваат и на скорешниот состанок, на 17-ти април, во Доха на некои од најголемите произведувачи на нафта кои би можеле да постигнат договор за замрзнување на нивното на производството.

Растот на цените на нафтата доаѓа и благодарејќи на слабеењето на американскиот долар, што е последица на пораките од американската централна банка дека нема да брза со зголемувањето на клучните каматни стапки. Тоа значи дека периодот на евтини пари во САД ќе продолжи уште извесно време, додека другите најголеми светски централни банки и натаму ќе водат лабава монетарна политика, што би требало да го поттикне растот на тамошните економии, а со тоа и побарувачката на нафта.

Сите овие фактори поттикнуваат надеж дека на почетокот од февруари, кога цените паднаа на најниското ниво во последните 12 години, тие го достигнале дното и дека во иднина би можеле само да растат или барем да стагнираат извесен период на постојните нивоа.

Со тоа би бил завршен трендот на падот на цените по речиси две години. Имено, цените на нафтата се вртоглаво паднаа од средината на 2014 година, од повеќе од 100 долари на помалку од 40, па во еден моменти и до 27 долари за барел, бидејќи производството беше значително поголемо од побарувачката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП