6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ ги поддржува негативните каматни стапки воведени од централните банки

ММФ ги поддржува негативните каматни стапки воведени од централните банки

mmf3

Меѓународниот монетарен фонд(ММФ), утврди дека негативните каматни стапки, кои ги воведоа некои од најголемите централни банки во светот, ќе резултираат со дополнителни монетарни поттици и олабавување на условите за кредитирање.

Шест светски централни банки воведоа негативни каматни стапки, меѓу кои и европската и јапонската централна банка, па така околу четвртина од светската економија мерено според БДП, сега има официјални каматни стапки под нула.

Тоа го постигнаа со спуштање на каматните стапки на банкарските депозити во негативно подрачје во распон од минус пет основни бодови во Унгарија, до минус 125 основни бодови во Шведска, што практично значи „данок“ на депозитите.

Негативните каматни стапки најпрво беа воведени во Шведска, Данска и Швајцарија, кои  на тој начин се обидоа да го запрат растот на вредноста на нивните валути во однос на еврото, а дополнително таков данок воведе и Унгарија.

Критичарите тврдат дека преминот на негативните стапки, посебно во Јапонија, каде што централната банка не успеа да го поттикне растот или инфлацијата, е знак на очај. Според нив, она што е потребно е дополнителната државна потрошувачка, наместо полабавата монетарна политика. Покрај тоа, истакнуваат дека таквиот потег би можел да и наштети на економијата преку дување на балонот на финансиските пазари и намалувањето на заработките на банките.

ММФ објави дека досегашните докази укажуваат дека негативните стапки ги охрабриле инвеститорите и ги намалиле трошоците на задолжување на компаниите. За банките сликата била поделена, но во повеќето случаи каматните стапки паднале од воведувањето на негативните стапки на централните банки, и покрај притисокот врз нивните нето каматни маржи.

Но, ММФ предупредува дека постојат граници на ефикасноста на негативните стапки. Ако предолго останат негативни, ќе порасне подмирувањето во готовина, што би ја поткопало таквата политика. ММФ проценува дека до точката на пресврт, односно повлекување на готовината, ќе дојде некаде помеѓу 75 и 200 основни бодови.

На подолг рок, негативните стапки можат да ја поткопаат одржливоста на животните осигурувања, пензиите и депозитите и исто така да поттикнат прекумерно преземање на ризик и да доведат до балон на финансискиот пазар, предупреди ММФ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП