9 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИStarwood и Marriott ја создаваат најголемата хотелска компанија во светот

Starwood и Marriott ја создаваат најголемата хотелска компанија во светот

recepcija 3566

Акционерите на Starwood Hotels & Resorts и Marriott International го поддржа спојувањето на овие две компании, со што ќе се создаде најголемата хотелска компанија во светот со околу 5.700 хотели.

Сопствениците на повеќе од 97 отсто од акциите на Marriott и на повеќе од 95 отсто на акциите на Starwood ја поддржа понудата на Marriott за преземање на Starwood, вредна околу 12,4 милијарди долари, порачаа обете компании.

Со тоа заврши повеќемесечната неизвесност во врска со таа трансакција, со оглед дека до неодамна за преземање на Starwood се натпреваруваше и конзорциумот на чело со кинеското осигурително друштво Anbang.

Пред две недели Anbang за Starwood понуди речиси 14 милијарди долари, повеќе отколку Marriott, но по само неколку дена кинеската компанија се откажа од таа понуда, која, доколку беше реализирана, би претставувала досега најголемо преземање на една кинеска компанија во САД.

Marriott во петокот порача дека трансакцијата би требало да биде довршена до средината на ова година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП