29 март, 2024
ПочетнаКУЛТУРАСеминар за обука за заштита на културното наследство на Македонија

Семинар за обука за заштита на културното наследство на Македонија

seminar-kulturno-nasledstvo

Првиот официјален работен семинар за обука на тема: Имплементација на УНЕСКО-та конвенција за заштита на нематеријалното културно наследство на човештвото, од Париз 2003 година, на национално ниво, ќе започне со работа во понеделникот (11-ти парил), во 10-часот во Музејот на македонската борба.

Обуката ќе се одржува од 11-ти до 15-ти април во Скопје, во организација на Националниот комитет на ИСТМ (Интернационален совет за традиционална музика) на Македонија, во партнерство со Националната Комисија за УНЕСКО за Република Македонија и Регионалниот центар за заштита на нематеријалното културно наследство во југоисточна Европа со центар во Софија (Бугарија), а под покровителство на Министерството за култура на Република Македонија.

Семинарот е наменет за лица кои имаат претходни познавања и искуство од оваа област и соодветно образование, односно: истражувачи, научници, практичари, носители на нематеријалното културно наследство, вработени лица во администрацијата која има ингеренции во процесот на заштита, како Министерството за култура, Управата за заштита на културно наследство, институти, музеи, архиви, локална самоуправа и слично.

Секој учесник, по активното учество на семинарот, ќе добие сертификат за реализирана обука за заштита на нематеријалното културно наследство.

Терминот „нематеријално културно наследство” значи обичаи, претставувања, изрази, знаење, вештини – како и инструменти, предмети, артефакти и културни предели што се во врска со нив – коишто заедниците, групите и, во определени случаи, поединци ги препознаваат како дел од своето културно наследство. Ова нематеријално културно наследство што се пренесува од генерација на генерација, постојано се возобновува од заедници и групи во функција на нивната окруженост, нивната интерактивност со природата и нивната историја, го јакне нивното чувство за идентитет и континуитет на тој начин промовирајќи го почитувањето на културната различност и на човечката креативност. За целите на оваа Конвенција земено е предвид само она нематеријално наследство што е компатибилно со постоечките меѓународни инструменти за човековите права, со барањата за заемно почитување меѓу заедници, групи и поединци, како и за одржлив развој

Нематеријалното културно наследство се манифестира во следните домени: усна традиција и изразување, вклучувајќи го и јазикот како пренесувач на нематеријалното културно наследство; изведувачки уметности; обичаи, ритуали и празнични случувања; ознанија и обичаи што се однесуваат на природата и на универзумот; традиционални занаети.

Терминот „Заштита“, пак, означува мерки чија цел е да се обезбеди опстојување на нематеријалното културно наследство, вклучувајќи ја неговата идентификација, документација, истражување, зачувување, заштита, промоција, вреднување, пренесување, особено преку формално и неформално образование, како и ревитализација на различните аспекти на тоа наследство.

Република Македонија е една од првите држави во светот кои ја потпишаа оваа конвенција, која на национално ниво е ратификувана во 2006 година. Од тогаш Министрството за култура на презеде низа активности во однос на имплементација на Конвенцијата и назначување на правни субјекти кои се носители на предметот за заштита, со што Македонија и активно се вклучи во заштита на нематеријалното културно наследство во земјата, при што беа донесени неколку законски акти во доменот на Законот за заштита на културното наследтсво кои се однесуваат токму на овој предмет.

Од 2013 година Македонија успешно реализираше впишување на три нематеријални културни добра во листите на УНЕСКО, обичајот „Четрсе“ од Штип и орото „Копачката“ од Драмче, кои се впишани на репрезентативната листа на УНЕСКО и „Гласоечкото пеење од Долни Полог“ впишано на УНЕСКО-та листа за ургентна заштита.

Во процес се и две мултинационални апликации за можно впишување на „Практиките поврзани со прсолавувањето на 1 март“ и „Пролетните веселби: Хидрелез/Ерделези“ поднесени во 2016 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП