12 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАБританските разузнавачи против предвремено објавување на делови од Хари Потер

Британските разузнавачи против предвремено објавување на делови од Хари Потер

bri-hari-poter

Вообичаено преокупирани со тајните операции во заштита на националната безбедност на земјата, агентите на британската тајна служба GCHQ се занимавале и со уште необјавена книга за малиот волшебник Хари Потер, чиишто делови истекле на интернет, потврди издавачот на романот кој ја објави првата книга од сагата откако ја одбиле дванаесет издавачки куќи.

Набрзо по објавувањето на шестиот дел од седумтомната сага за момченцето волшебник на британската писателка Џоан К Роулинг, кој силно беше очекуван од обожавателите ширум светот, издавачот Најџел Њутн добил необичен телефонски повик.

„Се сеќавам дека ми се јави агент на GCHQ и рече дека е пронајдена копија од книгата (The Half Blood-Prince) на интернет“, изјави Њутн, за настан кој се одиграл во 2005 година, минатата седмица во интервју за австралиското радио ABC a кое во неделата го предизвика вниманието на британските медиуми.

„Му реков една страница да ѝ прочита на нашата уредничка, а таа на тоа одговори дека станува збор за фалсификат“, вели Њутн, основач и извршен директор на издавачката куќа „Bloomsbury“, нарекувајќи ги тајните агенти „добри момци“.

Запрашан за коментар од The Sunday Times, портпаролот на GCHQ одговорил: „Не ја коментираме својата одбрана против силите на злото“.

Агенцијата GCHQ, чие седиште е во Челтнхем во Глостер, е тајна разузнавачка служба кој ги надгледува електронските комуникации за спречување тероризам и справување со организиран криминал.

На љубителите на опусот за Хари Потер им е познато дека одбраната против црната магија е предмет во школата за волшебници Хогвортс во која се учениците учат како да се одбранат од неделата на злите волшебници.

BBC News потсетува дека меѓу љубителите на делата на Роулинг имаше голема возбуда пред објавувањето на насловот „Harry Potter and the Half-Blood Prince“, откако авторката навести дека еден од главните ликови ќе биде убиен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП