Претседателот на Одборот на директори на кинеската компанија „COSCO“ Кју Лиронг и грчкиот премиер Алексис Ципрас, заедно со директорот на Агенцијата за приватизација Стергиос Пициорлас, потпишаа во Атина договор за продажба на најголемото грчко пристаниште Пиреа за 368.5 милиони евра.
„COSCO“ првично ќе добие 51 отсто од сопственоста на пристаништето за 280 милиони евра. Останатите 16 отсто компанијата ќе ги добие по 5 години за сума од 80 милиони евра и инвестиции од 350 милиони евра.
По потпишувањето на договорот дојде до судири меѓу силите на редот и противниците на приватизацијата на пристаништето, пренесува „Катимерини“.